(Видео) На крајбрежјето на Бугарија откриен брод стар 2400 години

Тим на поморски археолози, научници и геометри откриле делови од најстариот грчки-трговски брод, каков што можел да се види само во периодот на древната грнчарија.

Учесниците на проектот на црноморските поморски археолози соопштиле дека остатоците од 75 метри долгиот брод биле пронајдени недалеку од бугарскиот брег, на длабочина од два километри.

Во услови без кислород, до ден денешен од бродот биле сочувани некои делови, вклучително и јарболот и веслото. Тимот минал три години во проучувањето на подрачјето со помош на технологија која претходно и била на располагање воглавно на нафтените компании, пренесува агенцијата АП.

Древниот брод датира од времто кога Грците го изумиле катапултот, а лежел на морското дно повеќе од 2400 години.

„Ова ќе ги промени нашите разбирања за бродоградбата и поморството во стариот свет“, изјавил Џон Адамс, професор по археологија на Универзитеотт во Саутемптон во Англија.

Тимот открил околу 60 делови од бродот, вклучително и флота од руски козаци од 17 век и римски трговски бродови кои биле товарени со амфора.

 

 

Текстот (Видео) На крајбрежјето на Бугарија откриен брод стар 2400 години е превземен од Reporter.mk.