Љубителите на трките со мотори за време на „Големата награда на Сан Марино“ која се одржа на почетокот од минатиот месец, имаа можност да го забележат најскандалозниот потег во мотоциклистичкото натпреварување.
На најсилната трка во Мото ГП славеше Андреа Довициозо, откако пред самиот крај на целта падна Хорхе Лоренцо. Сепак сенка на ова натпреварување фрли потегот кој се случи ден претходно, во Мото 2 шампионатот.
Италијанскиот мотоциклист Романо Фенати заработи дисквалификација и црно знаменце затоа што за време на престигнувањето на Стефан Манзи во еден момент му ја стисна кочницата.
Ова беше еден од најскандалозните потези во историјата на мото спортот. Фенати подоцна изјави дека бил фрустриран поради неколкуте претходни дуели на кривините со Манзи и одлучил на ваков начин да му се одмазди на противникот.
FIM MotoGP Stewards
Black flag Romano Fenati for irresponsible riding #Moto2 #SanMarinoGP pic.twitter.com/sTqv6nhZer
— MotoGP™ (@MotoGP) September 9, 2018
Текстот (Видео) На сред трка со мотори му ја стисна кочницата на противникот е превземен од Reporter.mk.