Нацистички авион од Втората светска војна се сруши на автопатот 101 во Калифорнија. Веднаш откако паднал на земјата, авионот се запалил.
Со крајни маки случајните минувачи успеале да го извлечат полотот, кој се здобил со полесни повреди. Авионот со марка „fok-vulf VF 190“ паднал точно на средината на автопатот, а причината за несреќата засега не е позната. И понатаму останува нејасно дали пилотот се обидел да го приземји леталото, кога забележал дека постои проблем.
Инцидентот предизвикал застој и голема колона на патот, а полицијата возачите ги пренасочувала. Авионот наводно му припаѓал на аеро-клубот кој се наоѓал во близина на местото на несреќата.
Текстот (Видео) Нацистички авион се сруши на автопат во Калифорнија е превземен од Reporter.mk.