„Лажицата“ за ископување ја открил истражувачот и експертот за радијација Роб Максвел во областа Припјат во Украина во 2011 година.
Багерот таа кобна 1986 година, кога се случила нуклеарната катастрофа во Чернобил, била користена за отстранување на делови од огромен радиоактивен графит, кој по експлозијата на реакторот, се распрснал насекаде околу електраната. Ова е најопасниот објект во целото подрачје. Претставува таканаречена забранета зона.
„Би можела да биде многу смртоносна. И денес постојат голем број на работи кои на долги патеки би можеле да ве убијат, но оваа „канџа“, е дефинитивно најопасна, затоа што може лесно да и се пристапи. Водичот постојано ми говореше, „Не ја допирај, не ја допирај““, објаснува Максвел.
Максвел ја ставил раката внатре, за да го може со инструментот „Гајгеров“ бројач да го измери нивото на радијација.
„Дали бев загрижен? Се разбира! Не беше лесно, затоа што бројачот полуде, но при едно броење беа измерени 39.80 микросиверти на час“, вели Максвел.
Смртоносната доза на радијација отприлика изнесува околу 10.000.000 микросиверти.
Текстот (Видео) Најопасниот објект во Чернобил, еден допир може да ве убие е превземен од Reporter.mk.