(Видео) Најопасниот светски рекорд е возење на вода

Постојат одреден број на светски рекорди кој важат за исклучително опасни, но еден од нив посебно се издвојува меѓу нив. Станува збор за тоа колку брзо можете да возите на вода, а многу луѓе дури и загинале во обидот да го соборат.

Светскиот рекорд во оваа дисциплина е поставен во 1978 година, а на сите би требало да им биде јасно зошто овој светски рекод важи за најопасен.

Кога брзо се движите преку вода во некој чамец, тоа веќе во старт е рецепт за катастрофа.

Човекот кој се обидел да го собори рекордот во 1930 година, на крајот загинал. Станува збор за Англичанецот Хенри Сигрејв, кој успеал да постигне брзина од 160 километри на час.

Поради тоа што не бил задоволен, се обидел утредента да го повтори и да го забрза движењето на својот брод, но се превртел, а Хенри се удавил.

Потоа Џон Коб со помош на нов мотор успеал да постигне брзина со својот чамец до 338 километри на час, но чамецот во еден момент се распаднал, па Џон починал од шок во 1952 година.

 

Потоа Италијанците се обиделе да го соборат рекордот во 1954 година. Направиле специјален чамец кој можел да достигне брзина и до 306 километри на час.

Но, еден од мажите кои бил во него испандал, што довело до негова смрт.

Доналд Кембел дури седум пати се израдувал на сопствениот рекорд, а потоа во 1967 година, поставил рекорд со 445 километри на час.

Кога се обидел по осми пат да го собори сопствениот рекорд, постигнал брзина од 475 километри на час. Тогаш се случила несреќа, а неговото тело е пронајдено дури 33 години подоцна. Рекордот конечно го поставил Австралијанец во 1978 година, кога успеал со чамец да достигне брзина од 511 километри на час.

Тој успеал да го преживее овој опасен предизвик, но тие кои се обиделе да го соборат неговиот рекорд ја немале таа среќа.