Британката Бели Меџинга (47), починала од новиот коронавирус, откако непозната личност плукланал во неа, додека таа работела на железничката станица Викторија во Лондон, соопштиле денеска од синдикатот на Здружението на работници во сообраќајот.
Бели и нејизниот колега биле на работа на 22. март, кога во неа, непознат маж намерно се искашлал. Потоа непознатиот маж, изјавил дека е заразен со коронавирус. Бели починала две недели подоцна, на 5. април.
Од Британската сообраќајна полиција, соопштиле дека е започната истрага за инцидентот, пренесува „Си-Ен-Ен“.
„Бели и нејзиниот колега ја молеле управата, остатокот од денот, да го поминат внатре во објектот, зад заштитната преграда. Од управата им одговориле дека им се потребни луѓе кои работат надвор и ги испратиле назад, до завршување на смената“, стои во соопштението од синдикатот, испратено до јавноста.
Здружението на работници во сообраќајот, навеле дека Мели боледувала од хронични респираторни проблеми, поради кои веќе претходно морала да оди на операција. Додале и дека од управата занеле за нејзината здравствена состојба и дека по инцидентот, таа продолжила со работа до 25. март, кога нејзиниот лекар и кажал дека мора да земе боледување.
Бели и нејзиниот колега се заразиле со „Ковид-19“, за кратко време по немилиот настан, односно 11 дена по инцидентот. Бели, веднаш била префрлена со итна помош во болницата Барнет и била ставена на респиратор.
Од синдикатот го пријавиле инцидентот на регулаторните тела.
„Наместо да зборува за ублажувањето на мерките и враќање на работа, владата прво мора да ги осигура деловнит објекти и да постави вистински мерки за заштита на работниците“, порачале од синдикатот.
Текстот (Видео) Намерно ја заразил со корона, Британка починала две недели откако непознат маж се закашлал во неа е превземен од Reporter.mk.