Анџело Мастропиетро самиот си изградил сопствено место за релаксација и бегство од секојдневието. 37-годишниот маж од Австралија решил да избега од градот и брзиот начин на живот во 2007 година, кога му била дијагносицирана мултоиплекс склероза. Кратко бил парализиран, а кога проодел, се зафатил со проектот кој целосно му го сменил животот. Тој направил куќа во пештера стара 700 години. За тоа потрошил 230.000 долари. За медиумите вели дека не жали за парите и дека тоа што многумина го сметаат за луксуз за него е само обичен, топол дом.