Американската вселенска агенција НАСА го истражува првиот направен злостор во вселената, Од агенцијата го истражуваат тврдењето, дека астронаутката Ен Меклејн незаконски влегла во банкарската сметка на својата поранешна партнерка Самер Ворден, додека била во Меѓународната вселенска станица.
Меклејн признава дека влегла во сметката, но негира за какви било други обвинувања. Нејзината поранешна партнерка Самер Ворден, инаку поранешен известувач на американската воена авијација, наводно поднела жалба до Федералната комисија за трговија. Таа за „Њујорк тајмс“, изјавила дека им открила на властите што се случува.
NASA are investigating what could be the first ever crime committed in space! pic.twitter.com/rCKlIgz7ou
— Sunrise (@sunriseon7) August 24, 2019
На Ворден ѝ паднало чудно кога Меклејн знаела колку и како таа ги троши нејзините пари, иако веќе биле разделени. Меклејн знаеле сè, додека сеуште орбитирала околу Земјата.
Астронаутката која се вратила на Земјата, порачала преку адвокатката дека само се грижела дали листата на финансии во семејството е во ред и дали има доволно пари за плаќање за сметките и за грижа за синот на Ворден, кој пред да се разделат, заедно го одгледале.
Меклејн тврди дека ја користела истата лозинка која секогаш ја користела во нивната врска и дека не и било кажано да престане и дека нема пристап во сметката на Ворден.
Меѓународната вселенска станица е во сопственост на САД, Русија, Европа, Јапонија и Канада и тие се имаат согласено дека националните закони на овие земји важат за нивните државјани во вселената.
Текстот (Видео) НАСА го истражува првиот злостор во вселената е превземен од Reporter.mk.