(Видео) Немале пари да му купат албум „Русија 2018“, па си направил сам

Осумгодишно дете од Бразил само ги нацрта албумот и сликичките со фудбалери што настапуваат на Светското првенство во Русија оти мајка му не можела да му го купи оригиналниот албум од „Панини“ и да му дава пари за сликички. Сликичките и албумот ѝ биле многу скапи, бидејќи таа била единствената што работела и го издржувала семејството.

 

„Кога го заврши албумот, рече дека ќе го однесе во школо. Се плашев дека децата ќе му се смеат“, рекла неговата мајка за бразилска телевизија.

Но, неговите другари биле воодушевени од неговата креативност, па нацртаните слики од фудбалерите за кратко време се проширија и на социјалните мрежи и станаа вистински хит на интернет.