(Видео) Необјавена снимка од рушењето на режимот на Милошевиќ

Пошироката јавност сега може да посведочи на дел од настаните што се случуваа пред 18 години во српското Собрание кога беше срушен режимот на Слободан Милошевиќ.

Српските медиуми стигнаа до снимка која веројатно е направена од страна на тогашните тајни служби и која е чувана во подрум цели 18 години.

Медиумите во Србија пишуваа за граѓанската војна со која беше срушено владеењето на поранешниот лидер на СРЈ и основач на партијата СПС, Слободан Милошевиќ.

На видеото снимено во 2000 година се гледа гневниот и бесен народ како го руши и пали Собранието и демонстрира моќ против службите на Слободан Милошевиќ.

Може да се забележат хартии и документи расфрлани  на сите страни, скршени столови, маси и врати, скинати теписи, скршени лустери и други скапоцености.

Ова е сликата што дел од демонстрантите пред 18 години ја оставија зад себе. Одамна е познато дека добар дел од мебелот, уметничките слики, теписите, лустерите и другите работи биле украдени.

Добар дел од нив никогаш не се пронајдени, а тогашната претседателка на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ, апелирала до сите кои имаат какви било информации за судбината на мебелот од парламентот, да ги пријават до надлежните служби.

Подоцна забележано е дека дел од мебелот, неколку фотелји, се препродаваат на интернет. Дел од тие предмети биле вратени во Собранието.

 

 

 

 

Текстот (Видео) Необјавена снимка од рушењето на режимот на Милошевиќ е превземен од Reporter.mk.