(Видео) Нов вид на диносауруси пронајдени во Кина

Нов вид на летечки диносауруси, кои со својот изглед потсетуваат на слепи лилјаци, неодамна се откриени во Кина. Ова најново откритие на кинеските научници фрла сосема ново светло на процесот, како диносаурусите се развиле во птици.

Фосилните остатоци на овие необични видови на диносауруси, се откриени во Лиаонинг, на североистокот на Кина, во 2017 година. Прв ги пронашол Мин Ванг, кинески палеотолог и главен автор на студијата објавена од пред неколку дена.

Ванг овие летечки диносауруси ги нарекол Amboptervx longibrachium. Но, понатамошните истражувања покажале дека всушност станува збор за малите диносауруси од типот terapod, со единствени предни екстремитети и мембрански крила.
Фосилот е стар 163 милиони години и е втор во историјата кој покажува дека диносаурусите со крила личат на лилјаци, иако таа карактеристика била видлива и за праисториските летачки верверички. Единствениот диносаурус со слични карактеристи бил „Јики“, кој е опишан во 2015 година.

Но, Ванг смета дека не е веројатно малиот диносаурус, кој бил долг околу 32 сантиметри и тежок околу 306 грама, можел да мавта со крилата.
„Би се кладел на едрилично летање. Сепак, најважната карактеристика е тој што нема мускули за летање, кои би му овозможиле да се движи со крилата“, вели Ванг.
Кина била на чело на можните откритија на новите видови на диносауруси, особено низ фосилите кои покажале директна врска меѓу диносаурусите и птиците.

Текстот (Видео) Нов вид на диносауруси пронајдени во Кина е превземен од Reporter.mk.