(Видео) Нов Зеланд со спектакуларен огномет прв ја дочека новата 2019 година

Новата 2019 година прво стигна во пацифичките држави, Самоа, Кирибатите и Тонга. 180.000 жители во Самоа први ја дочекаа Новата 2019 година.

Пред неколку години поради економски причини, овој остров ја променил страната на датумската граница. Од источното сметање на времето, тие се префрлиле на западното.

Тамошните жители се првите кои ќе ја дочекуваат Новата година, а не последни како што беше случај претходно.

Петнаесет минути подоцна од прославата на Новата година во Самоа, околу 600.000 жители на новозеландските острови Четам се израдуваа на пристигнувањето на Новата година.

По Тонго, Самоа и Кирибатите, поголемиот дел од Австралија ќе ја дочека новата 2019 година. Веднаш зад нив следат Јапонија, Јужна Кореја, помал дел од Русија и Индонезија. Потоа следуваат Индија, Шри Ланка, Азербејџан, Ерменија, Обединетите Арапски Емирати, Оман и Сејшели.

Во 22 часот по средно време 2019 година ќе ја дочека Грција и уште 30 земји, како и Јужноафриканската Република и Сирија. Во 23 часот по средно време, Новата година ќе стигне во Германија и уште 43 земји. Во 4:00 часот според средно време Новата година ќе навлезе во Канада, Боливија, Венеција, Барбадос, а во 6:00 часот најубавиот момент ќе го дочекаат и луѓето во поголемиот дел од САД и Централна Америка. Во 09:00 Новата година ќе стигне на Аљаска и некои региони на француска Полинезија.

Први јануар последен ќе го дочекаат жителите на Самои и на островот Нијуе, во јужниот дел на Пацифичкиот океан. Кај нив 2019 година според средноевропско време, ќе стигне дури наредниот ден.

 

Седум ипол милијарди луѓе низ светот, Новата година ќе ја дочекаат со огномет и славје, но и со посебни мерки за претпазливост.

 

Текстот (Видео) Нов Зеланд со спектакуларен огномет прв ја дочека новата 2019 година е превземен од Reporter.mk.