Новинарот на најгледаната телевизиска мрежа Си-ен-ен Џим Акоста бил избркан од Белата куќа, по неговата жолчна расправа со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Расправата почнала кога Акоста вчера го прашал Трамп за караванот мигранти кои доаѓа од Латинска Америка, на американската јужна граница со Мексико.
Кога новинарот се обидел да постави дополнително прашање, Трамп му рекол „Доста е“, а жената која стажира во Белата куќа безуспешно се обидувала да му го земе микрофонот на Акоста.
Таа дополнила дека ваквото однесување било неприфатливо. Интеракцијата меѓу Акоста и стажистката била кратка. Акоста изгледал како да ја оттурнува нејзината рака додека се обидува да му го земе микрофонот додека зборувал.
Акоста само рекол: „Извинете госпоѓо“.
Новинарот на Си-ен-ен преку порака на Твитер негирал дека ја допрел претставничката на Белата куќа.
I’ve just been denied entrance to the WH. Secret Service just informed me I cannot enter the WH grounds for my 8pm hit
— Jim Acosta (@Acosta) November 8, 2018
Текстот (Видео) Новинар на Си-ен-ен избркан од Белата куќа, по расправата со Доналд Трамп е превземен од Reporter.mk.