Поминаа две години откако Сиско Грасија поминал низ најголемит кошмар на еден нуркач.
Во средина на април 2017 година овој професор по геологија, кој е и искусен нуркач, скокнал во топлите води на Мајорка на рутинско нуркање. Грасија поминувал доволно време под вода и уживал во истражувањето на комплексниот систем подземни пештери.
„Мајорка е поубава под земја, отколку на површина“, вели тој.
Го придружувал Гиљем Маскаро со кого сакал да ја истражува пештерата Пикета. Пештера со голем број простории, оддалечени околу еден километар од влезот.
Trapped in a cave for 60 hours with a dwindling supply of oxygen… Xisco Gràcia describes his terrifying ordeal. https://t.co/Ve0VlJGFD9 pic.twitter.com/f2tP1oWnwK
— BBC World Service (@bbcworldservice) June 27, 2017
Им требало еден час за да стигнат до тие комори. Грасија започнал да собира примероци од карпи, а Маскаро заминал да ја истражи другата комора. Проблемите настанале кога се упатиле кон излезот, а една средба направила целосен пресврт на настаните.
Грасија и Маскаро се сретнале на една раскрсница и подигнале голема прашина од дното на пештерата. Поради тоа не можеле да видат каде се наоѓаат и каде се движат. Тогаш откриле дека нивното јаже за водење е скинато или дека паднало на дното.
Текстот (Видео) Нуркач доживеал кошмap: Сакал да истражи пештера, но заглавил во неа 60 часа е превземен од Reporter.mk.