Полицијата во Украина ја испитува смртта на едногодишното девојче Олесија, која настанала на 29. мај во нејзиниот стан кој го користела како еден вид на градинка за што немала дозвола.
Негувателката ги побарала родителите на малата Олесија, кратко време откако тие ја оставиле во градинката. Таа им објаснила дека ја оставила Олесија да спие и дека девојчето престанало да дише.
Но, подоцна се појавила снимка од безбедносните камери, на која се гледа дека негувателката го удавила детето, обидувајќи се да го спречи да плаче.
Како што пренесуваат украинските медиуми, мајката го оставила девојчето во градинката околу 9 часот, а итната помош стигнала во 10:45 часот и ја констатирала смртта на малата Олесија.
Во моментов се утврдува точниот след на настаните, но истрагата покажала дека воспитувачката е таа која го удавила детето, затоа што тоа непрекинато плачело. Друго девојче претходно ја каснало Олесија за ногата, додека се расправале за играчка.
Олесија плачело поради гризот, а на снимата се гледа како негувателката ја подигнува од креветот, ја прегледува раната, а потоа и врзува сунѓер со марама околу вратот за да го смеси да спие, иако се гледа дека детето било многу вознемирено.
Полицијата верува дека девојчето имала проблем да дојде до воздух и дека во паника почнала да се гуши. Недолго потоа, негувателката ја пронашла мртва, но свесна дека камерата ќе покаже како настанала трагедијата, пробала да ја избрише снимката. Но, клучната снимка на која се гледа како ја врзува околу вратот, не успеала да ја избрише.
Вознемирувачката снимка ја објавил адвокатот на семејството, кое целиот случај го пренел на нивниот „Фејсбук“ профил. Останува уште истрагата да утврди како точно починало девојчето. Во меѓувреме, полицијата ја привеле негувателата, поточно сопственичката на илегалната градинка.
Како што е наведено во полициското соопштение, таа се терети дека во својот трособен стан, без претходно добиена дозвола да направи градинка, чувала повеќе деца. Се сомничи и дека извршила убиство на малолетно дете.
Текстот (Видео) Обидувајќи се да ја спречи да плаче, го угуши едногодишното девојче е превземен од Reporter.mk.