Во ексклузивно видео снимка за прв пат се прикажани условите во кои се наоѓа основачот на „Викиликс“ Жулијан Асанж, внатре во затворот „Белмарш“, место кое важи за едно од најдобро обезбедените.
Додека разговара со други затвореници, се забележува на снимката дека Асанж значително ослабел. Камерата потоа ја прикажува малата ќелија во која наводно е сместен.
По подот се расфрлани хартии и книги, но „Раша тудеј“, медиум кој прв стигна во посед на снимката, напоменува дека не може да потврди дали се работи за неговата ќелија, иако основачот на „Викиликс“ видно влегува во неа.
Инаку видеото е објавено ден откако еден американски медиум ги обелоденил фотографиите на Асанж од затворот, кој наводно му ги доставил еден од затворениците. Медиумот се двоумел дали воопшто да ги објавува фотографиите, поради приватноста на Асанж.
Video emerges showing #Assange in #Belmarsh prison EXCLUSIVE pic.twitter.com/T6sAFwl8lQ
— Ruptly (@Ruptly) June 7, 2019
Треба да се напомене дека здравјето на Асанж е драстично ослабено, од крајот на мај и се верува дека првиот човек на „Викиликс“ е префрлен во болничко крило во затворот.
Основачот на „Викиликс“ се соочува со 18 обвинувања кои заедно носат 175 години робија, а во моментов чека властите во Велика Британија да донесат одлука по повод барањето за екстрадација која стигна од САД, но и Шведска.
Текстот (Видео) Објавена снимка од Асанж во затвор е превземен од Reporter.mk.