Охриѓанецот Марјан Лаброски ја побара за жена својата девојка Катерина на Водици. Откако скокна во Охридското Езеро за да го фати крстот, Марјан излезе од езерото со прстенот во рака.
Видеото од запросувањето се споделува на социјалните мрежи. Некои коментираат дека тој избрал оригинален начин да ја побара девојката за жена и им ја честитаа свршувачката.
Текстот (Видео) Охриѓанец скокна по крстот, па ја побара девојката за жена е превземен од Reporter.mk.