Поради високите температури што ја зафатија Австралија, Сту Пенгели од Перт успеал да испече свински бут во неговиот автомобил. Сту месото го оставил во автомобилот, а по десет часа го извадил подготвено за јадење.
На 17 декември просечната температура во Австралија достигнала рекордни 40.9 степени Целзиусови. Во земјата веќе шести ден по ред температурите не паѓаат под 40 степени.
Во автомобилот Сту ставил и термометар за да ја следи температурата. Тој вели дека утрото температурата во автомобилот достигнала до 30 степени, а попладне до 80 степени.
„Немојте ништо и никого да оставате во жежок автомобил. Ниту на една минута. Ако забележите некое дете или миленик како седат во автомобилите, не двоумете се да го скршите стаклото“, изјавил Сту.
Претходниот топлотен рекорд во Австралија беше регистриран во јануари 2013 година, кога просечната температура стигнала до 40,3 степени Целзиусови.
Се очекува новиот рекорд да биде скоро надминат поради ширење на жешкиот бран кој би можел драматично да ги засили и шумските пожари во земјата.
Текстот (Видео) Оставил свински бут во автомобил, а следниот ден го нашол испечен е превземен од Reporter.mk.