Од 1 јануари 2020 година, во Тајланд стапи на сила законот со кој се забранува употребата на пластични кеси. Веќе десетти ден граѓаните на различни начини се обидуваат да ги спакуваат намирниците и да ги однесат дома.
Некои ги ставале во маици, во корпи за долна облека, џебови и на разни места. Некои во продавниците влегувале и со куфери на тркалца кои се користат за патувања. Некои од нив користеле и мрежа за риболов.
Нивната снаодливост ги воодушеви многумина, па била отворена и „Фејсбук“ страница посветена на купувачите на Тајланд. Земјата веќе не дозволува во продавниците да се продаваат пластични кеси за еднократна употреба, а до 2021 година, нема да бидат дозволени во ниту една продавница.
Додека некои земји наместо пластичните, вовеле хартиени кеси, властите во Тајланд сеуште не се одлучиле која е најдоброто решение.
Текстот (Видео) Откако Тајланд ги укина пластичните кеси, купувачите си најдоа решение е превземен од Reporter.mk.