(Видео) Парагвајски фудбалер потпишал за Манчестер јунајтед па го застрелале

Поранешниот фудбалер на Парагвај, Славадор Кабањас, само што потпишал договор во 2010 година со англискиот премиерлигашки клуб Манчестер јунајтед бил застрелан во глава. Кабањас бил еден од најдобрите напаѓачи на Јужна Америка, кога влегол во конфликт со мексикански наркодилер.

Парагваецот успеал да заздрави од ранувањето, дури и да му се врати на фудбалот две години подоцна, но никогаш не ја достигнал формата што го донела на прагот на „Олд Трафорд“.

„Потпишав преддоговор за 1,3 милиони фунти за трансфер во Европа. Ми кажаа дека можам да заминам да играм за Манчестер јунајтед. Мојот тогашен клуб Америка ми ја удвои платата. Ми дадоа стан во Акапулко и Канкун за да ме задржат“, вели Кабањас.

На 25  јануари 2010 година, само два месеца откако со гол во Венецуела го однесе Парагвај на Мундијалот, Кабањас во еден бар влегол во конфликт со најголемиот мексикански наркобос Хосе Гарзо, по што добил куршум во глава.

Кабањас го преживеал ранувањето, а лекарите до ден денес го сметаат за медицински феномен. Куршумот сè уште му останал во главата. Кога трагедијата се случила, Салвадор играл за Америка каде стигнал во 2006 година за три милиони евра по сезона. Година дена подоцна е прогласен за најдобар играч на Јужна Америка.

Пред несреќата Кабањас имал 44 настапи за Парагвај и постигнал 10 голови. Играл за пет клуба во кој бил стрелец на 174 погодоци. По ранувањето, работите за Кабањас тргнале низ брдо. Жената со децата го оставила, а му ја зела и куќата вредна девет милиони евра.

„Кога играш ти си ѕвезда, а кога не играш никому не му е гајле за тебе. Тоа е тажно. Бев идол во Парагвај, а никој во сојузот или репрезентацијата не ми помогна“, вели Кабањас.

Салвадор му се вратил на фудбалот во 2012 година, но настапил во третата лига на Парагвај. Единстената шанса за пристоен живот му била да се вработи во пекарницата на неговиот татко, како разнесувач на леб.

„Луѓето ме препознаваат кога ќе им однесам леб. Ме прашуваат што се случило. Им велам дека сум среќен што сум жив и што имам можност да заздравам. И понатаму верувам во животот иако изгубив сè“, вели Кабањас.

Текстот (Видео) Парагвајски фудбалер потпишал за Манчестер јунајтед па го застрелале е превземен од Reporter.mk.