(Видео) Патници скокале од траектот во море од страв дека може да се заразат со коронавирус

Неколку патници кои се наоѓале на тракет во Индонезија, скоклнале во морето и испливале до брегот, поради страв дека дел од екипажот може да ги зарази со коронавирус.

Патниците почнале да скокаат откако властите се обиделе да го блокираат пристаништето поради сомнение дека неколку членови на екипажот се заразени со „Ковид-19“.

Траектот останал блокиран во моментите кога требало да стигне на пристаништето Маумере на источниот остров Флорес. Властите се сомневале дека три члена на екипажот ги заразиле патниците, пренесува „Ројтерс“.

Откако веста дека траектот бил блокиран, неколку патници скоклнале во морето и пливале до брегот. Тие не сакале да бидат изложени на заразата, ниту да бидат во карантин на бродот.

 

„Ги молиме патниците да соработуваат во рамки на здравствените протоколи пред да излезат од бродот и да се воздржат од каква било акција, која може да се покаже како штетна на крајот“, предупредил Висну Хандоко, службеник во Министерството за сообраќај, непосредно пред патниците да скокнат во морето.

На траектот се наоѓаат 255 патници, воглавно работници кои се враќале во своите домови во Малезија. Властите го блокирале траектот, откако соседната земја ги затворила границите поради коронавирусот. Сепак на крајот на траектот му било дозволено да се закотви на пристаништето, а патниците да бидат сместени во карантин на копно.

Во Индонезија досега се забележани 2956 случаи со заразни патници од коронавирус и 240 смртни случаи, а најголемиот број на случаи е потврден во главниот град Џакарта.

Текстот (Видео) Патници скокале од траектот во море од страв дека може да се заразат со коронавирус е превземен од Reporter.mk.