(Видео) Пилот слета само со задните тркала на авионот

Пилотот на авионот на националната компанија Мјанмар, Myanmar National Airlines,  бил принуден да слета на меѓународниот аеродром Манделај, користејќи ги само задните тркала од леталото.

Предните тркала според изјавата на пилотот, поради дефект откажале. Од службите на аеродромот велат дека сите 82 патници и членови на екипажот се безбедни и дека нема повредени.

Пилотот на авионот јавил на контролата на летот, пред слетувањето дека постојат проблеми со предните тркала. Авионот слетал само на задните тркала, додека предниот дел не го ни допрел тлото на пистата.

Службите на аеродромот додале дека поголемиот дел од авионот на компанијата Boing и Erbas некое време ќе бидат приземјени и нема да можат да го користат аеродромот за слетување.

Текстот (Видео) Пилот слета само со задните тркала на авионот е превземен од Reporter.mk.