Пилот на кинеската aвиокомпанија „Ер гуејлин“ заработил отказ, затоа што ѝ дозволил на една од патничките да влезе во кабината за време на летот, пишуваат кинеските медиуми. Девојката направила селфи, а фотографијата ја објавила на социјалните мрежи.
Блогер кој го следел воздухопловството испратил порака до авиокомпанијата дека пилотот ги прекршил правилата, затоа што ѝ дозволил на девојката да се слика во кабината за време на летот.
Девојката брзо ја избришала фотографијата, но од компанијата веќе ја воочиле грешката и соопштиле дека пилотот ги прекршил прописите за безбедност во воздух. Од таму изјавиле дека инцидентот се случил на 4 јануари.
Пилотот има право да побара работа во други авиокомпании, но многумина негови колеги коментираат дека по овој инцидент ќе му биде тешко да повторно да се вработи. Медиумите подоцна објавиле дека девојката учела за стјуардеса на Универзитет за туризам.
Текстот (Видео) Пилот заработи отказ затоа што пуштил девојка во кабината е превземен од Reporter.mk.