По речиси десет години падна снег во Лас Вегас, Невада. Според метеоролозите, причината за снегот во пустината се екстремниот студ и големото невреме што пред неколку дена го зафатија целиот централен дел на Америка. Жителите на Вегас и туристите за локалните медиуми рекоа дека се изненадени од снегот, што речиси никогаш не паѓа во пустината. Снежната прекривка изнесуваше околу три сантиметри, а се стопи за околу еден час.
Сепак, метеоролозите предвидуваат дека во Лас Вегас повторно ќе падне снег кон средината на оваа недела, но дека овој пат врнежите од снег ќе бидат пообилни и ќе се задржат подолго.
Текстот (Видео) Пo десет години падна снег во Лас Вегас е превземен од Reporter.mk.