(Видео) По грешките со Ливерпул, голманот Кариус беше кобен и за Бешикташ

Германскиот голман Лорис Кариус кој неславно се прослави во големото финале во Лига на шампиони во 2018 година, меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, повторно направи грешка на теренот, овој пат во елитното фудбалско натпреварување Лига Европа.

Сега настрада неговиот нов тим Бешикташ, кој во рамки на првото коло загуби од словенскиот тим Слован од Братислава со 4:2.

Кариус грешката ја направи уште во 14 минута, кога прерано излезе од рамките на голот, во обид да ја спречи акцијата на противничкиот тим. Неговата лоша проценка резултираше со водство на домаќините.

Германецот брзо се најде на мета на потсмев на социјалните мрежи. Турските и англиските фанови споделуваа смешни видеа и коментари за него.

Фановите на Ливерпуп го паметат Кариус по неверојатните грешки кои ги направи на мечот против „кралскиот тим“ во финалето на Лига на шампони во 2018 година. Кариус беше виновен за два од примените три гола во тој меч, а на „кралевите“ им овозможи трипати едноподруго да дојдат до европската титула.

Текстот (Видео) По грешките со Ливерпул, голманот Кариус беше кобен и за Бешикташ е превземен од Reporter.mk.