По триесет години потрага, Ли Јиан од Кина повторно успеал да ја види неговата мајка. Двајцата се нашле откако кинеските служби ги споредиле нивните ДНК-примероци од базата на податоци за исчезнати лица.
Според податоците на полицијата, потрага по Ли почнала на 8 април 1989 година. Тригодишниот Ли околу 15:00 часот во центарот на Чангзи се одвоил од неговите родители. Бил земен од друго семејство кое живеело само на 90 километри оддалеченост од местото каде што биле неговите родители.
Мајката и таткото на Ли отпечатиле илјадници летоци и ги делеле во автобуските, железничките станици и во болниците во потрага по него. Но не откриле никакви траги. Татко му на Ли починал од преголема болка, но претходно ја однел сопругата во локалната полициска станица за да ја регистрира нејзината ДНК.
Во септември оваа година полицајците во станицата Ксиуву, за време на редовна инспекција во локалните квартови, откриле луѓе кои пред триесет години посвоиле момче по име Бин Бин. Тие го советувале да им даде примерок од неговата ДНК. Бин се согласил на тоа, а по потрагата во базата на податоци, откриле дека неговата ДНК се совпаѓа со онаа на Ли Јиан. Полицијата веднаш ја организирала средбата на мајката со синот.
„Сине, доаѓа мајка ти. Ли Јиан, го чекав овој ден 30 години. Беше толку блиску цело време, но јас те барав 30 години“, говорела низ солзи госпоѓа Ли.
„Не можев да спијат во ноќите затоа што постојано размислував што му се случило на моето дете“, се присетува госпоѓа Ли.
Говорејќи за семејство кое го посвоило, Ли Јиан изјавил дека сите овие години тие кон него се однесувале како да е нивен син. Постарата сестра на Ли изјавила дека таа и нејзината мајка вечно ќе им бидат благодарни на луѓето кои го одгледале нејзиниот брат.
„Без разлика на сè, тие го одгледаа мојот брат повеќе од 30 години. Длабоко им сме благодарни за тоа“, изјавила сестрата на Ли.
Текстот (Видео) По триесет години потрага, мајка го нашла синот е превземен од Reporter.mk.