Најнискиот човек на светот, Хагендра Тапа Магар, почина на 28 годишна возраст, соопштија од Гинисовата книга на рекорди. Од таму велат дека Мага веќе некое време имал проблеми со срцето и боледувал од астма и пневмонија.
„Магар беше примен во болницата во „Манипал“ во Непал во четвртокот, а почниа во 15 часот по локално време во петокот“, пишува во соопштението од организацијата испратено до јавноста.
Магер е роден во Непал во 1992 година. Со своите 67,08 сантиметри тој беше прогласен за најнискиот човек на светот, кој самиот можел да се движи. Мага првпат влезе во книгата на рекордите во 2011 година, кога го смени Филипинецот Џунреји Балаунг, кој иако беше понизок од него за седум сантиметри, сепак затоа што не можеше самиот да застане на нозе без помош, беше симнат од првото место.
„Магер во 2011 година беше прогласен за амбасадор на добрата волја на Непал во сферата на туризмот“, пишува на сајтот на Гинис. Сега за најмал човек на светот кој е подвижен е прогласен Колумбиецот, Едуардо Нињо Ернандез, кој е висок 70,21 сантиметри.
Текстот (Видео) Почина најмалиот човек на светот е превземен од Reporter.mk.