Леси Браун од Охајо, е жената која почина денес како најастарата личност во САД. Леси починала на 114 години, вели нејзиниот внук Роналд Вилсон.
Нејзините членови во семејството велат дека нејзиниот долготраен живот се должи благодарение на диетата на која Леси често се придржувала. Американката била позната како жена која обожавала слатки компири.
Браун е родена во 1904 година, во Џорџија, а пораснала на фарма. Се преселила во Кливленд кога имала 18 години, а подоцна со сопугот добиле пет деца.
Леси станала најстарата личност во САД, откако на 9 мај 2018 година починала 114 годишната Делфина Гибсон од Хантингтон во Пенсилванија, пишуваат американските агенции.
Текстот (Видео) Почина најстарата жена во САД е превземен од Reporter.mk.