(Видео) Почина Роберт Боб Морис, човекот кој ги рекламираше „Марлборо“ цигарите

Почина ранчерот и филантроп Роберт Боб Норис, најпознат по улогата во рекламата за цигарите „Марлборо“. Тој почина на деведесетгодишна возраст, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Роберт Норис починал во американската сојузна држава Колорадо. Неговата компанија Tee Cross Ranches објави соопштение до јавноста.

„Кога некој маж би требало да се опише со три зборови, за Боб тоа би биле the real deal „вистински договор“. Неговата цврста авентичност, без разлика на тоа, дали седи на коњ, или е во канцеларија, учи некое дете или е со пријател, беше неговиот личен и професионален бренд“, е наведено во соопштението.

Во соопштението се додава дека токму таквата особина, со неговиот маркантен изглед, биле пресудни да ја добие неочкуваната улога во првиот „Марлборо“ маж на телевизија. Норис, кој според сооптението никогаш не бил пушач, се појавил во рекламите на 14 години. Ја напушил рекламната кампања, кога почувствувал дека дава лош пример за децата.

„Никогаш не сакам да ве видам како пушите“, им велел Боб на своите деца, се додека не го прашале зошто тогаш рекламира цигари. Тогаш Боб престанал да го рекламира Марлборо.

Кога одговорните од компанијата барале модел за да ги рекламира „Марлборо“ цигарите, тие не можеле да најдат човек кој јавал на коњ. Тие сакале тој да биде каубој. Норис имал ранч и коњи и бил идеалниот за оваа улога.

 

 

Текстот (Видео) Почина Роберт Боб Морис, човекот кој ги рекламираше „Марлборо“ цигарите е превземен од Reporter.mk.