Полицаецот Тони Карлсон му помогнал на бездомникот Фил да се избричи за да добие работа. Тој го затекнал Фил на бензинска пумпа како се обидува со тап жилет и без огледало да ја избричи запуштената брада. Откако Фил му раскажал дека сопствениците на локалниот ресторан за брза храна му ветиле дека ќе го вработат ако дојде среден, Тони купил машинка за бричење и го избричил.
Целата случка ја снимил маж кој бил во нивна близина, а видеото го споделил на социјалните мрежи. „Помислив дека би било убаво овој несебичен чин да го споделам со светот“, рекол тој неколку дена потоа во интервју. Видеото го виделе и од локалното радио, па го побарале Фил во ресторанот, а тој им раскажал за помошта што ја добил од полицаецот Карлсон.
My brother just videoed this at Circle K on Thomasville road in Tallahassee. They heard someone say he was starting a new job tomorrow. Great job TPD.
Gepostet von Michael Wallenfelsz am Sonntag, 22. Juli 2018
„Господата во ресторанот ми ветија работа ако се појавам во понеделник без брада. Стоев на улица и се обидував да се избричам, но немав огледало, па полицаецот Тони го направи тоа наместо мене“, рекол Фил.
Луѓето што го споделуваат видеото на „Фејсбук“ го нарекуваат полицаецот Карлсон херој. Тој, пак, вели дека не направил ништо необично.
“Само си ја извршував работата, а тоа е да им помагам на другите. Ова не е ништо спектакуларно. Вакви работи се случуваат секој ден, единствена разлика е што овој пат беше снимено“, рекол полицаецот за американските медиуми.
Talked with Philip who was cleaned up by a City of Tallahassee Police Department officer and given a job at McDonalds today. A photo and video of him being shaved is being shared a lot on FB. Kelly Duvall and Michael Wallenfelsz thank you for sharing.
Gepostet von Greg Tish am Sonntag, 22. Juli 2018
Текстот (Видео) Полицаец избричи бездомник за да му помогне да добие работа е превземен од Reporter.mk.