Американски полицаец од Тенеси сојузната држава од САД, успеал во последните моменти да спаси момче кое сакало да скокне од мостот. Офицерот во последнен моменти го фатил момчето за нога и го повлекол назад.
Настанот бил снимен на камерата која била закачена на униформата на неговиот колега, пренесува британски „Мирор“.
Во соопштението издадено од канцеларијата на шерифот во округот Кнокс, е наведено дека нивниот колега покажал голема храброст и решителност и благодарение на неговите рефлекси, момчето е спасено.
Полициските служби ја објавиле снимката и на тој начин сакале да му ја покажат благодарноста за спасувањето на момчето. Локалното население го нарекоа американскиот полицаец херој.
Police officer saves the life of a young man that attempted to jump off a bridge in Knox County pic.twitter.com/u1orUcSu3H
— RT (@RT_com) September 19, 2019
Текстот (Видео) Полицаец спаси момче кое сакаше да скокне од мост е превземен од Reporter.mk.