Најмалку едно лице загина за време на протестите поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Кентаки, кога силите на безбедност отворија оган кон демонстрантите.
Шефот на полицијата, Стив Конрад, изјавил дека инцидентот се случил кога припадниците на градската полиција и Националната гарда биле повикани да растераат голема група луѓе на паркинг пред еден маркет.
„Полицајците и војниците почнале да го расчистуваат паркингот, а во еден момент на нив бил отворен оган. И полицијата и војската возвратиле со оган, при што еден маж починал на местото на настанот“, изјавил Конрад на конференцијата за новинари.
Тој додал дека полицијата испрашува неколку лица и ги собира материјалите од видеокамерите кои го снимиле инцидентот.
Текстот (Видео) Полицијата уби демонстрант за време на протестите во Кентаки е превземен од Reporter.mk.