(Видео) Поплави ја пустошат Италија, досега избројани 20 мртви

За само два дена бројот на мртви од невремето во Италија, поради силниот ветер, дождовите и поплавите, се издигна на дваесет.

Бурата и врнежите на северот на Италија уништиле цели шуми, а најтешки последици се забележани во областа Венето, во подножјето на Доломита.

 

„Како да се случи земјотрес“, изјавил Лука Заја, гувернерот од оваа област, во која без струја останаа 160.000 луѓе, додека метеоролозите предвидуваат уште посилни врнежи и силен ветер.

И на крајот на југот на Италија, на Сицилија поплавите ги блокирале патиштата. Италијанската цивилна заштита објави дека во тек е една од најсложените метеоролошки ситуации во последните 60 години.

Во Венеција каде нивото на морето е невообичаено високо, онеспособени се дури и дополнителните, дрвени мостови и пештачките патеки, а поплавени се и издигнатите приземја од зградите, а измерена е и брзина на ветерот од 180 километри на час.

 

Текстот (Видео) Поплави ја пустошат Италија, досега избројани 20 мртви е превземен од Reporter.mk.