Викториините водопади се пресушени, пишуваат светските медиуми. Овие водопади се наоѓаат на границата меѓу африканските земји Зимбабве и Замбија, на местото каде африканската река Замбези паѓа 100 метри надоле.
Водопадите пресушија поради најлошата суша во изминатите 100 години, велат научниците. Тие велат дека климатските промени се причината за пресушувањето и дека истите би можеле трајно да бидат уништени.
„За првпат во животот бев сведок на пресушување на Викториините водопади“, изјавил еден продавач на сувенири, додавајќи дека и драстично е намален бројот на туристи.
Проблем е што цела област е погодена од суша и многу луѓе останале без храна и посеви поради сушата. Се проценува дека им е потребна помош на околу 45 милиони луѓе.
Зимбабве и Замбија се погодени и со рестрикција на струја, бидејќи производството на овој енергент зависи исклучиво од хидроцентралата Кариба, која се наоѓа на реката Замбези.
Податоците на официјални лица задолжени за реката Замбези покажуваат дека нивото на водата е под она од 1995 година, кога било најниско, а далеку под просекот.
Викториините водопади се едни од најголемите и најспектакуларните во светот. Слаповите главно се широки над
1,5 километар, со пад од 128 метри.
Текстот (Видео) Пресушија Викториините водопади е превземен од Reporter.mk.