Тајсон Стил преживеал речиси три недели во Алјаска без храна и вода, пренесува „Би-би-си“. Тој бил спасен во четвртокот од спасувачките екипи. Бил најден кај местото Сквенте.
Неговата монтажна куќа направена од даски и церада целосно изгорела. Преживеал на ниски температури, а малото количество конзервирана храна која успеал да ја спаси му се потрошила за кратко време.
Стил вели дека бил принден да изгради шатор од остатоците на изгорената куќа. Во снегот напишал СОС порака. Властите го пронашле по барање на неговото семејство, кое по инцидентот прекинало да контактира со него.
Екипажот на хеликоптерот го забележал знакот СОС и стигнал до местото на куќата околу 11 часот. Местото Сквент кое има само 35 жители се наоѓа на 113 километри оддалеченост од Екориџ, најголемиот град на Аљаска.
Текстот (Видео) Преживеал три недели на Алјаска без храна и вода е превземен од Reporter.mk.