„Австралија Мекдоналдс“ успеа да налути дел од купувачите со својата првоаприлска шега, но не затоа што е претерана (како што би очекувале), туку затоа што – не е вистина.
Всушност, Мекдоналдс по повод 1 април ја објави веста дека се појави McPickle, бургер кој наместо месо ќе содржи кисели краставички.
„Љубители на кисели краставички, доаѓа веста што ја чекавте. Пресреќни сме што можеме да го објавиме лансирањето на нашиот нов McPickle бургер. Време е да уживате во сочни, вкусни кисели краставички прекриени со топено сирење, кечап и тоа во печиво со сусам. Тоа сигурно ќе биде десерт за сите ваши сетила”, се вели во соопштението.
Видеото на McPicklea почна да се споделува на социјалните мрежи, и многу фанови на мекдоналдс-краставичките беа одушевени што ќе уживаат во пикл-бургер. А кога дознаа дека тоа беше само првоаприлска шегаа, се налутија и почнаа да бараат од „Мекдоналдс“ да ја претвори во реалност таа шега.
Но, имаше и такви на кои McPickle не им изгледаше како добра идеја. „Тоа изгледа одвратно иако не постои”, „Дали некој го виде McPickle, одвратно”, коментираа.
Текстот (Видео) Првoаприлската шега на „Мекдоналдс“ ги налути купувачите е превземен од Reporter.mk.