(Видео) Пукања на фестивал во Калифорнија, најмалку четворица мртви

Четири лица загинале, вклучувајќи го и напаѓачот во пукотници кои се случија на фестивалот на лукот во Калифорнија. Настанот се случил во градот Гилрој, а во инцидентот има најмалку 15 повредени.

„Имаме најмалку 15 ранети, четворица загинати, вклучувајќи го и осомничениот“, изјавил началникот на полицијата Скот Смит.

Претходно официјалнтие лица соопштиле дека се повредени околу 60 лица. 12 од нив биле ранети, а останатите се здобиле со повреди.

Притворена е една личност, но полицијата претпоставила дека може да има и соучесници во настанот. Засега името на напаѓачот не е објавено.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја потврдил на „Твитер“ информацијата за апсењето на напаѓачот, а исто така ги повика Американците да бидат внимателни.

„Нашите и мислите на целата заедница се со жртвите на денешното пукање на Фестивалот на лукот“ објавиле од тамошната полиција на „Твитер“.

„Телевизиската мрежа „НБЦ Њуз“ го пренесува сведочењето на една жена која изјавила дека видела човек во триесетите години, како пука од пушка.

„Го видов како пука во сите насоки. Не целеше кон некој посебно. Пукаше десно, па лево“, изјавила жената.

„Со благодарност до сите оние кои први стигнале на местото на настанот во Гилрој, моите мисли се со повредените во ова безумно насилие“, објавила на „Твитер“ сенаторката од Калифорнија Камала Харис.

Фестивалот на лукот кој секоја година се одржува во Глирој, место оддалечено педесет километри јужно од Сан Хозе ќе заврши во недела.

 

Текстот (Видео) Пукања на фестивал во Калифорнија, најмалку четворица мртви е превземен од Reporter.mk.