Претседателот на Русија Владимир Путин, учествуваше во новогодишниот натпревар на „Ноќната хокеарска лига“, која почна во средата вечерта, на лизгалиштето на Црвениот плоштад во Москва.
Рускиот лидер традиционално се појави во дресот со бројот 11. Заедно со него, во тимот на црвените играа и министерот за одбрана Сергеј Шојгу и легендите на рускиот хокеј, Павел Буре, Валериј Каменски, Сергеј Фјодоров, Алексеј Касатонов и други, пренесува „Спутник“.
Во противничкиот тим кој играше во белите дресови, беа тулскиот губернатор Алексеј Дјумин, бизнисмените Генадиј Тимченко, Владимир Потанјин и Роман Ротенберг, музичарот Игор Бутман и подморскиот губернатор Андреј Воробјов.
Минатата година, пријателскиот натпревар на Црвениот плоштад, на кој играше Путин, се одржа на 29 декември.
Текстот (Видео) Путин играше хокеј е превземен од Reporter.mk.