Претседателот на Русија, Владимир Путин, упати честитки по повод Меѓународниот ден на жената. Путин им посака добро здравје и среќа, а дополни дека жените треба да бидат успешни и на работа и во семејството.
„Вие успевате да се изборите со сите проблеми на работа и да се грижите за семејството. Вашата љубов обединува, охрабрува, дава поддршка, нè теши нас мажите и прави да се чувствуваме убаво“, изјави Путин.
Претседателот кажа дека жената е таа којашто ја има моќта да создаде нов живот и дека среќата која потекнува од мајчинството и одгледувањето на децата е таа што го менува светот.
„Секогаш ќе ви бидеме должни. Ние имаме обврска да направиме многу за жените, кои не штедат напори во одгледувањето на своите деца“, изјавил Путин.
Текстот (Видео) Путин им честиташе 8 Март на сите жени е превземен од Reporter.mk.