Претседателот на Русија Владимир Путин пристигна во црквата Преображение во Санкт Петербург за да присуствува на божикното богослужење.
На службата служи старешината на црквата Николај Бриндин. Црквата е исполнета со верници, меѓу кои има многу деца. На празничната служба исто така присуствува и вршителот на должноста губернаторот на Санкт Петербург Александар Беглов.
Путин встречает Рождество в Спасо-Преображенском соборе Петербурга, где его крестили pic.twitter.com/R0S8F8asrq
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) January 6, 2019
Путин во оваа црква го има веќе еднаш дочекано Божик во 2012 година, како премиер на Русија. Тогаш Путин пред новинарите изјави дека во оваа црква тој бил крстен.
#Putin visits #OrthodoxChristmas Mass in his hometown #StPetersburg pic.twitter.com/X2tj30PY2Z
— Ruptly (@Ruptly) January 7, 2019
Традиционално, Путин за Божик не е во Москва, додека за Велигден секогаш присуствува на службата во московскиот храм Христос Спасителот.
Храмот Преображение Госодово во Санкт Петербург го изградил архитектот Василиј Сасов во 1828 година. Храмот никогаш не бил затворен за богослужење, но, како и сите парохии во земјата, бил сериозно оштетен во периодот од дваесетите години од 20 век.
Текстот (Видео) Путин на божикна служба во црквата каде е крстен е превземен од Reporter.mk.