Рускиот претседател, Владимир Путин, ѝ подари златен ретривер на болно девојче од приморскиот крај. Малата Вероника, која е родена со пречки во развојот, напишала писмо до Путин што сака да добие за Нова година.
Од службите на Путин одговорни за медиумите велат дека златните ретривери се корисни за децата со пречки во развојот и дека претставуваат идеална терапија за нив.
„Кучето е идеална терапија, има мирен и пријателски карактер. Затоа активно се користи за ребилитација на децата“, објасниле во прес-службата на Путин.
Ова е прв новогодишен подарок од претседателот до руските деца. Покрај Вероника, Путин на 12-годишната Олга Маушченко ѝ подарил хаска, на Марија Котова од Сибир велосипед, а на 11-годишната Ања Абрамова лабрадор-ретривер.
Текстот (Видео) Путин ѝ подари златен ретривер на болно девојче е превземен од Reporter.mk.