Светските агенции пренесуваат дека италијанскиот град Венеција се подготвува за една од најголемите поплави. На социјалните мрежи се прикажани снимки од ресторан целиот поплавен со вода.
Очигледно газдите и покрај поплавите немаат намера да прекинат со бизнисот.
Додека патиштата се поплавени, школите затворени, а градот се подготвува за најголемата поплава од 1979 година, во еден ресторан од тоа направиле гастрономско доживување.
Конобарите во чизми ги услужуваат гостите со пици. Секој гост добива и заштитна облека и опрема.
Текстот (Видео) Рестораните продолжуваат со работа додека цела Венеција е под вода е превземен од Reporter.mk.