(Видео) Родители венчаа брат и сестра за да ги отплатат долговите

Родители од Тајланд ги венчаа своите близнаци  Гитар и Киви (6) оти, според будистичките обичаи,  веруваат дека тие во минатиот живот биле љубовници.  Децата се венчаа на голема церемонија во Бангкок на која дојдоа голем број пријатели и членови на семејството. Свадбата ја направија по локалните обичаи,  а чинела неколку илјадници долари.

Близнаците Гитар и Киви понатаму во животот, кога ќе пораснат,  ќе можат да си најдат други партнери, затоа што, според нивната религија, децата со меѓусебната венчавка ги отплатиле долговите од љубовниот живот.  Родителите на близнаците веруваат дека кармата ги наградила во овој живот да се родат како близнаци. Будистичкото семејство верува дека кога ќе се родат близнаци од различен пол, тие мора да решат некои од проблемите што ги имале во минатото. Ако не се венчаат, тие веруваат дека во иднина нема да имаат среќа.

 

These twins were married as their parents believe ‘they were lovers in past lives’!

These twins were married as their parents believe ‘they were lovers in past lives’!

Gepostet von Did That Just Happen? am Donnerstag, 27. Dezember 2018

Текстот (Видео) Родители венчаа брат и сестра за да ги отплатат долговите е превземен од Reporter.mk.