Фудбалерот на Јувентус Кристијано Роналдо и покрај тоа што не ја носи капитенската лента, се покажа како вистински лидер на тимот за време на полувремето во мечот со Атлетико Мадрид, во Лига на шампиони.
Португалецот со трите погодици беше најмогу заслужен за победата и пресвртот против шпанскиот тим, а за време на излегувањето од соблекувалните во тунелот, тој максимално го мотивираше секој од неговите соиграчи поединечно, кажувајќи им колку се блиску до посакуваниот резултат.
На моменти дури и главниот арбитар остана збунет, сметајќи дека таквата улога треба да ја има играчот од одбраната Кјелини, кој ја носи капитенската лента.
Јувентус го победи Атлетико Мадирд со 3:0 во Торино и успеа да ја надокнади загубата од првиот меч со 2:0 во Мадрид и да се квалификува во 1/4 финалето во елитното европско фудбалско натпреварување.
Текстот (Видео) Роналдо на полувреме ги мотивира играчите на Јувентус е превземен од Reporter.mk.