Играчот на Јувентус Кристијано Роналдо се прошета маскиран на плоштадот во Торино. Со брада и бркови, голем број од децата не можеа да ја препознаат португалската ѕвезда.
Со чудење гледаа во мистериозниот човек и неговите мајстории. Роналдо дриблаше, џонглираше, а некои од присутните пробаа да му ја земат топката.
Роналдо брзо им побегна и се сокри во комбе. Мораше да интервенира и обезбедувањето. Тие се обидоа да го заштитат од децата, кои сакаа да се сликаат со него и бараа негов автограм.
Од службите велат дека морале брзо да реагираат, затоа што во спротивно можело да дојде до случајна повреда.
Текстот (Видео) Роналдо се маскираше со мустаќи и брада па играше фудбал со фановите е превземен од Reporter.mk.