Британецот Рос Еџил е првиот човек кој ги испливал 2856-те километри околу Велика Британија. Тој по пет месеци пливање во неделата триумфално застанал на копно на крајбрежјето во градот Маргејт пишуваат британските медиуми.
30 годишниот Рос својот потфат го започнал на 1 јуни во Кент. Одлучил да плива во насока на стрелките на часовникот. Во текот на трите недели, ниту еднаш не застанал на копно, а повремено се одморал на бродчето кое го следело.
Едџил кој дневно пливал по шест часа, а шест се одморал во чамецот, на патот се борел со силните струи, убодите од стотина медузи и болките на јазикот, кој му бил нагризан од солената морска вода.
Во текот на своето патување потрошил 500.000 калории и изел околу 500 банани, кои му овозможиле постојано да ја добива потребната енергија, потребна за енормните физички напори.
На половина од месец август, Рос го собори светскиот рекорд во најдолго пливање на отворено море, што досега го држеше Французинот Беноа Лекомт, а изнесувал 73 дена. Лекомт кој живее во САД, во 1993 година, го преплива Аталнскиот океан, минувајќи 6400 километри од Масачусетс до Франција.
Текстот (Видео) Рос Еџил е првиот човек кој ја преплива цела Велика Британија е превземен од Reporter.mk.