На изложба во Абу Даби, беше претставен најновиот модел на руската лимузина Aurus од проектот „Кортеж“. На презентацијата присуствуваше и наследникот принц на ОАЕ, Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан.
Принцот на Обединетите Арапски Емирати за подарок ја доби лимузината Аurus вредна повеќе од 130.000 евра. На изложбата ИДЕКС, автомобилот го претстави министерот за индустрија и трговија на Русија, Денис Мунтуров.
Руското министерство на почетокот на јули 2018 година, соопштило дека бил постигнат договор меѓу компаниите Tavazuna, NAMI и Solers, за влез на капитал во износ од 110 милиони евра во арапскиот фонд на капитал, за производство на овие лимузини.
Аurus е пазарното име на проектот „Кортеж“ – семејството на автомобили од класата Luks кое вклучува лимузина, седан, мини возило и теренец. Државнто вложување во проектот изнесува 170 милиони евра. Годинава автомобилот Aurus ќе се појави во малопродажба, а нивната почетна цена се очекува да изнесува 130.000 евра.
Текстот (Видео) Русите влегуваат на арапскиот пазар, произведоа лимузина вредна 130.000 евра е превземен од Reporter.mk.