Руската пејачка Фанија Калиулов починала во неделата додека настапувала на сцена за време на концертот што го имала во Димитровград. Пејачката починала на 53-годишна возраст, а одговорните лекарски служби се сомневаат дека причината за нејзината смрт е срцев удар.
Поп-пејачката паднала додека пеела на сцената. Веднаш ѝ била пружена итна помош, но, за жал, лекарските служби велат дека не можеле да направат ништо за да ѝ го спасат животот.
„Нè напушти одлична професорка, талентирана музичарка и пејачка“, објавил рускиот министер за култура и изразил сочувство до семејството на пејачката Фанија.
Пејачата била дел од театарската музичка група „Карлигач“ со кого настапувала низ земјата.
Текстот (Видео) Руска пејачка починала на сцена за време на концерт е превземен од Reporter.mk.