Рускиот град Јакутск се смета за најстуденото место во светот, каде се измерени најниските температури во зимскиот период. Температурите во овој град понекогаш стигнуваат и до минус 50 Целзиусови степени.
Но, и покрај неверојатно ниските температури, овдешните жители немаат проблем со извршувањето на секојдневните обврски.
Во видеото што е постирано на „Твитер“ може да се види дека голем број од луѓето секојдневно ги извршуваат своите активности без никаков проблем. Тие одат на работа, ги носат децата во училиште, возат автомобили.
Јакутск е главен град на Република Јакутија. Според последниот попис направен во 2010 година, во градот живеат 269.486 жители. Градот се наоѓа во близина на најстуденото место на земјата, Ојмјакон.
Во Јакутс владеат екстремни климатски услови. За да го издржат притисокот во услови на пермафрост, повеќето куќи во Јакутск се градат на темели од бетон. За да се дојде до вода, неопходно е да се избушат дупки длабоки и по стотина метри. Поголемиот дел од водата за потребите на градот стигнува од реката Лена.
Многу мотори се оставени да работат во текот на целата вечер. Во спротивно, ако се исклучат на температури од – 50 Целзиусови степени, никогаш повеќе не би можеле да се активираат. Јануари е најстудениот месец во Јакутск со просечна температура од 43,2 Целзиусови степени под нулата.
A very regular morning in Yakutsk. Many people. To kindergarten, school, work… Temp is -39C. pic.twitter.com/hxpPEoomFF
— Bolot Bochkarev (@yakutia) December 9, 2018
Текстот (Видео) Рускиот град Јакутск е најстуденото место во светот е превземен од Reporter.mk.