Британската телевизиска мрежа ITV во средата престана да го емитува ток-шоуто, по самоубиството на Стив Дајмонд, човекот кој неколку дена претходно бил еден од гостите. Дајмонд се убил откако во шоуто паднал на детекторот за лаги дека никогаш не ја изнверил девојка му Џејн Калахан.
Шоуто престанало да се прикажува во вторникот, откако мрежата се најде на мета на критики на голем број луѓе, па дури и од владата.
„Со оглед на тежината на неодамнешните настани, одлучивме да го прекинеме емитувањето на шоуто на Џереми Кајла“, изјавила во средата извршната директорка на телевизијата Каролин Макал.
Британскиот таблоид „Сан“, пишува дека Стив Дајмонд починал поради предозирање од морфиум, а неговото тело било најдено десет дена по учеството во емисијата, од страна на сопственикот на станот во кој Дајмонд живеел.
Емисијата која требало да се емитува во понеделникот, не била прикажана. Поранешната девојка на Дајмонд, Џејн Калахан ја објаснила ситуацијата за „Сан“, дека двајцата се разделиле по неговото гостување во телевизиското шоу, каде паднал на детекторот за лага, кога требало да потврди дека никогаш не ја изневерил.
Пред смртта Дајмонд и испратил на Јана порака во која и рекол дека не може да живее без неа, изјавила Калахан и додала дека Дајмонд откако се разделиле, станал депресивен.
„Овој случај многу не загрижи“, истакнал портпаролот на британската премиерка.
„Телевизијата и продукциската куќа се одговорни за душевното здравје и мир на гледачите на нивната програма.
Телевизиската мрежа веќе од претходно се најде на насловните страни на весниците, по смртта на двајца поранешни членови на телевизиското ријалити шоу Love Island. Двете лица биле пронајдени обесени.
Шоуто на Џереми Кајл имал верна публика и екипа која професионално работела 14 години. Но, сега дојде момент да се тргне од програмата“, изјавила уредничката Макал и додала дека персоналот од шоуто, со мислите се со семејството и пријателите на Стив Дајмонд.
Текстот (Видео) Са самоубил по ТВ-шоу откако детекторот за лаги откри дека изневерува е превземен од Reporter.mk.